Андов – интерпелациите средство за кампања на ВМРО-ДПМНЕ

11 August, 2017 - 15:52

Ова е петта интерпелација што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ откако побараа гласање недоверба и за министрите за надворешни работи, земјоделие, финансии и труд и социјала. Нема никаква основа, ниту потреба од интерпелации, целта на ВМРО-ДПМНЕ е само да ја продолжи кампањата за локалните избори не само на терен, туку и во Парламентот, смета поранешниот претседател на Парламентот Стојан Андов.

Според собранискиот Деловник, претседателот на Собранието треба да ги извести министрите против кои е поднесена интерпелацијата и најдоцна 15 дена по добиениот писмен договор да ја закаже седницата. Андов оценува дека претседателот Џафери нема друг излез освен да ги закаже седниците, затоа што во спротивно само може да ја зајакне позицијата на подносителот. Тоа значи дека кион крајот на август и во септември може да се очекува серија жестоки расправи во Собранието против актуелната Влада пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори на 25 септември.

Со оглед на причините за интерпелациитре, очигледно ВМРО-ДПМНЕ како главни точки на фокусот на нападите врз владата ги поставува на договорот со Бугарија, ребалансот на буџетот, пожарите, депонијата во Струга и стратегијата за мигранти, што ќе биде и основа за кампањата за локалните избори.

Сања Васиќ

 

Веста е прочитана 2368 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.