Актерката Дарија Ризова наградена на МЕСС

9 October, 2017 - 13:43

Актерката Дарија Ризова , ја освои наградата за млад актер, на штотуку завршениот  57 интернационален театарски фестивал МЕСС, во Сараево. Ризова ја освои престижната награда, за улогата на Електра во истоимената претстава на МНТ, што ја режираше Андриј Жолдак. 

- И покрај огромната конкуренција , Дарија не можеше да ја прескокне оваа награда затоа што навистина е фантастична, вели директорот на МНТ, Драган Спасов, во допис до јавноста. Уште еднаш сакам да и честитам на Дарија и на целата екипа на „ Електра“. Публиката ја повикувам да дојде на следната изведба на претставата и да ја наградиме со голем аплауз. На 26 октомври , изведбата на претставата ќе биде со гратис карти по повод големата награда. Билетите ќе може да се подогнат на денот на изведбата, од 14 до 19 часот, се вели во дописот од директорот на МНТ, Спасов.

Веста е прочитана 3112 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.