Ајдарски од Бугарија победник на Олимсискиот маратон во Охрид

12 August, 2017 - 17:31

Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на на првото издание на Олимпискиот маратон на 10 километри, што се одржа денеска во водите на Охридското Езеро, на градскиот кеј. Во фото финиш тој за дел од секундата беше побрз од холанѓанецот Марсел Шоутен, остварувајќи време од 1 час 54 минути и 48 секунди.

Трет на целта пристигна најдобриот македонски пливач Александар Илиески, кому ова му беше добра подготовка за големиот маратон што ќе се одржи во Охрид идниот викенд.

Во женска конкуренција победи 14 годишната бугарка Василики Кодоглу со време 2.20.37, оставајќи зад себе повеќе натпреварувачи од посилниот пол.

Организаторот на трката која се одржа под мониторинг на ФИНА се надева дека Охридскиот олимписнки маратон ќе добие позитивни оценки што ќе го стави во календарот на светската пливачка федерација догодина.

На првото издание на Охридскиот олимписки маратон учествуваа 12 пливачи, меѓу кои и учесници на светски првенства и олимписки игри.

 

 

Веста е прочитана 903 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.