1000 мигранти влегоа на македонска територија од Грција

14 March, 2016 - 18:48

Најмалку 1000 мигранти попладнето влегоа во селото Моин кај Гевгелија. По патот ги лридрузу аа грчки полициски службеници и странски репортерски екипи.

Македонската војска ги ограничи на периферијата од селото, а полицијата  приведе и дел од репортерите кои нелегално влегоа на македонска територија.

Бројното обезбедување но и огромната бројка мигранти го вознемирија локалното население пред чии очи се одвива целиот настан.

Во моментов не се знае колку луге се упатени кон Моин, но споредстранските репортери колоната завршува дури во Идомени.

Трагично заврши обидот на семејство од Авганистан да ја поминат Сува Река.

Две сестри и сопругот на повозрасната од нив се удавија утрово околу 6.45.

Со нив биле мајка им, двајца браќа и мала сестра, како и поголема група мигранти од Иран.

Преживеале 23 лица, од кои 4 се во гевгелиската болница, а останатите во центарот Винојуг.

Според УНХЦР во Идомени има околу14.000 бегалци без основни услови за живот.

Портпаролот Бабар Балоц изјави дека човековата беда со која се соочуваат бегалците во Идомени го достигна дното.

Сузана Мицева 

Веста е прочитана 6923 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.