ВАРДАР ВО ПОХОД КОН ЧЕТВРТИОТ ТРОФЕЈ ВО СЕХА ЛИГАТА

Најуспешниот тим во историја на Сеха лигата е домаќин на Ф4 турнирот.Вардар пред своите навивачи во СЦ Јане Сандански го брани шампионскиот трон и ќе атакува на четвртата титула во седмата сезона од формирањето на регионалната Лига.Прва пречка за составот што го предводи Раул Гонзалес е тимот на Мешков Брест.

Сите не сметаат за фаворити на полуфиналето, но ние мораме да одработиме добро на сите средби ако сакаме успех. Ни следува дуел против тежок ривал каков што е Брест Мешков. Се работи за одлична екипа, која игра квалитетно и поседува добар тим. Ние ќе играме пред нашите верни навивачи, па тоа ќе ни биде од голема помош особено на првиот натпревар. Ќе се соочиме со екипа која има одличен тренер и екипа која секогаш игра мотивирано против нас. Мораме да одиграме добро и цврсто во одбраната и да ги искористиме нашите контри“изјави Раул Гонзалес,тренерот на РК Вардар.

Мечот со Мешков Брест почнува утре од 17.45.Во второто полуфинале од 20.15 ќе играат Загреб и Цеље.Финалето и натпрварот за 3.место се закажани за 15 март.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ