Вардар против Кил за пласман на Ф4-турнирот во ЛШ

Кил ќе биде противник на Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампиони во ракомет.

Германскиот тим го елиминираше противникот на „црвено-црните“ од групната фаза Пик Сегед, откако победи со 29-22 на домашен терен на првиот натпревар, а денеска загуби со минимални 28-27 на реваншот во Сегедин.

Вардар и Кил досега имаат одиграно два меѓусебни натпревари во Лигата на шампиони и тоа во групната фаза во сезоната 2009/2010 и на двата дуели бундеслигашот славеше убедливо.

Кил ќе биде домаќин на првиот дуел во периодот од 18 до 22 април, додека реваншот ќе биде во Скопје во периодот од 25 до 29 април.

Во четвртфиналето ќе игра и Нант на капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, кој го елиминираше Брест Мешков, а за место на завршниот турнир ќе се бори против Скјерн, кој сензационално го елиминираше Веспрем. Нант денеска ремизираше 28-28 на домашен терен, а Лазаров постигна два гола. На првиот натпревар во Белорусија победи со осум голови разлика.

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ