Тилерсон: Крајот на воената операција не значи и трајна победа над исламистите

Завршувањето на големата воена операција против Исламска држава не значи дека САД и нејзините сојузници постигнале трајна победа над екстремистите, изјави денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

На состанокот во Кувајт за глобалната коалиција против ИД, Тилерсон истакна дека САД одлучиле да дадат дополнителни 200 милиони долари, кои би се искористиле за стабилизирање на ослободената територија во Сирија.

Вашингтон бара од коалицијата, составена од 74 држави, да вложат напори и да ги надминат меѓусебниот ривалитет, да се концентрираат на основната задача – уништување на ИД во Ирак и Сирија.

Непријателствата меѓу Иран и Сирија од една, и Израел од друга страна се заканува да создаде нов конфликт во Сирија, каде веќе има премногу завојувани страни, оценуваат американските медиуми.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ