Вести Култура Македонија

Света Софија е во опасност, алармот до УНЕСКО го испрати Харакопулос од Интерпарламентарно Собрание на Православието

Неодамна ја посетив Света Софија и навистина доживеав шок, рекол Максимос Харакопулос, генералниот секретар на Интерпарламентарно Собрание на Православието (ДСО) на средбата со претставничката на центарот за културно наследство на УНЕСКО Берта де Санкристобал и истакнал дека во суштина споменикот во опасност да претрпи непоправлива штета, јави дописничката на МИА од Атина.

На средбата одржана во понеделникот во седиштето на УНЕСКО во Париз, делегацијата на Интерпарламентарно Собрание на Православието предводена од Харакопулос, како што соопштија од ДСО ја информирале Санкристобал за меѓународната кампања на ДСО за будење на меѓународното јавно мислење против „профаното претворање на Света Софија во џамија, што не само што е навреда за историската вистина, туку претставува и директна закана за споменикот“.

Харакопулос истакнал дека е императив претставници на УНЕСКО да го посетата споменикот за да се види реалноста, но и дека „доколку нема посуштински одговор, Турција дополнително ќе се охрабри“.

  • Затоа сме денес овде, барајќи од вас, со поголема внимателност да го погледнете овој споменик, кој всушност е во опасност, во опасност е од непоправлива штета. Се надевам дека нашата посета овде ќе биде повод повеќе да се мобилизира УНЕСКО. Досегашната реакција на меѓународната заедница не беше онаква каква што се очекуваше и тоа го охрабрува сторителот и го намалува престижот на меѓународните организации, рекол Харакопулос на средбата.

Претставничката на центарот за културно наследство на УНЕСКО Берта де Санкристобал, според соопштениот од ДСО, рекла дека УНЕСКО придава особено значење на спомениците на Истанбул, кои ги следи одблиску и уверила дека на следниот состанок на организацијата, прашањето за Света Софија ќе биде една од главните теми што ќе се покрене.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Пјонгјанг продолжува да ги тестира севернокорејските воени капацитети

Дејан Дејан

Ќе се зголемува европскиот фонд за одбрана

Дејан Дејан

Инцидент во рудник во Русија, 13 луѓе се заробени под урнатини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе