Судскиот совет во четврток ќе одлучува за ослободувањето на Сеад Кочан?

Судскиот совет во четврток ќе одлучува по барањето на Советот за одговорност кај судиите за случајот со ослободувањето на Сеад Кочан. Ова се неофицијални информации кои за сега не ги потврдуваат од судскиот совет туку само кусо одговараат ќе се одлучува за еден  до тритте предмети за кои веќе се изјасни Советот за одговорност.  Но според информациите на Телма, точката 6 од дневниот ред на седницата закажана за в четврток се однесува на предлогот за отворање постапка за утврдување одговорност на петтемина судии од Врховниот суд на чело со претседателот Јово Ванѓеловски кој одлучуваше за притворот на бизнисменот Сеад Кочан обвинет во случајот „Труст“ на СЈО.

Барањето доаѓа од Советот за утврдување факти кој ја прифати преставката на здружението Зелена лупа и побара да се утврди дали судиите постапувале нестручно и несовесно. Кочан повеќе од два месеца беше недостапен за полицијата откако му беше одреден притвор. Во меѓувреме според Зелена лупа Врховниот суд спротивно на законот прифатил да расправа за вонредниот правен лек на Јавното обвнителство, иако за случајот беше надлежно Специјалното обвинителство. Опциите кои ги има сега Судскиот совет се или да ја преќинат постапката или да донесат одлука за одговорност на судиите. Ова ќе го прават зад затворени врати бидејќи законот дозволува за да не се наруши честа и угледот на судиите.

Претходно пак ќе се назначи преставник од самиот совет кој ќе ја образложи потребата за барање одговорност. Инаку Зелена лупа бараше одговорност и за судии за случајот со бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски бидејќи сметаше дека судии од Основниот, Апелациониот и Врховниот суд со незаконски постапки овозможил да побегнат. Советот за утврдување факти го прифати предлогот но само за посочените судии од Апелација и Врховен, не и од основниот суд. Во меѓувреме владата го укина токму овој Совет за утврдување на одговорност кај судиите и предметите кои ги работеше ги предаде во Судскиот совет. Сега на решение чекаат 104 неотворени преставки од граѓани за несовесно работење на судии од целата земја.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ