Судија од Њујорк ја блокираше одлуката на Трамп да ја откаже програмата ДАЦА

Федерален судија од Њујорк ја блокираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за укинување на програмата ДАЦА со која им се овозможува на млади имигранти кои илегално дошле во САД  со своите родители, да учат и да работат во земјата.

Во јануари, исто така, федерален судија од Сан Франциско донесе одлука против откажувањето на оваа програма.

Новата судска одлука се однесува на тужбата против одлуката на Трамп, поддржана од обвинители од 17 држави. Овие две пресуди дозволуваат програмата да продолжи.

Кога ја укина програмата во септември, Трамп на Конгресот му даде рок од шест месеци да усвои закон кој ќе ја замени. Но, конгресмените од Демократската и Републиканската партија не постигнаа договор.

Трамп вчера изјави дека разговорите за ова прашање почнале и предупреди дека ова е последна шанса и дека 5 март е краен рок за постигнување договор.

Програмата ДАЦА ги заштитува од депортирање околу 800.000 т.н. „сонувачи“ и им дозволува да работат и учат во САД. Таа беше воведена од Барак Обама во 2012 година.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ