РАКОМЕТ

ЖРК ВАРДАР СЕ ВРАТИ ВО РИТАМ,ДЕКЛАСИРАН ТУРИНГЕР СО 36-26

11 March, 2017 - 20:03

Ракометарките на Вардар со победа над германскиот состав Турингер ја завршија групната фаза во  ЛШ.

 

ЖРК Вардар го декласираше Турнигер со 36-26 и во голем стил ја освои 1.позиција во групата од главната фаза во ЛШ.Македонскиот првак им се врати на победите после неочекуваните порази од Будуќност и Мец.Вечерва  во СЦ Јане Сандански успешно деби имаше новиот тренер  Ирина Дибирова. Вардарки покажаа дека се поквалитет тим од гостинките уште во почетните минути.9-3 на половина од првото полувреме,потоа и на трипати девет разлика за Црвено-црните.На паузата  Вардар замина со водтвсо од 19-12.Домашните ракометарки  ги  испочитуваа најавите и  ветувањата,без опуштање ги одработија вторите 30 минути.Пред финишот, екипата од Скопје се издигна на 12 голови позитива и ја заврши групната фаза со триумф од 36-26. Радичевиќ постигна 9 голови,  Пенезиќ и Лекиќ поделија по  пет погодоци.Кон кам бекот на 1.место во групата кумуваше и поразот на ФТЦ од Будуќност. Противник на Вардар во четврт-финалето ќе биде 4-тиот од другата група, најверојатно данската екипа  Митјиланд.Утре ќе се игра натпреварот меѓу аутсајдерот Есбјерг и ЧСМ Букурешт, каде европскиот првак е фаворит, и со бод  ќе остане на третото место .Победниците од четврфиналните двомечи ќе се пласираат на завршниот Ф4 турнир во Будимпешта.

Веста е прочитана 346 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.