РАКОМЕТ

ЖРК ВАРДАР ЈА ОСВОИ РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

26 April, 2017 - 21:36

    ЖРК Вардар го победи  Будуќност во финалето на Ф4 турнирот од Регионалната Лига.Македонските првенки славеа   во мечот за златен медал со 27-25 за прв трофеј сезонава што е  одличен вовед пред завршниот турнир во елитната Европска шампионска лига. За МВП  е прогласена Андреа Пенезиќ. Амандин Лејно го доби признанието за најдобар голман.

 

Вардарки го диктираа темптото во финалето со  добро познатиот ривал.Црногорките ја чекаа својата шасна но екипата на Ирина Дибирова повеќе ја посакуваше победата.После добиеното прво полувреме со 15-14,Вардар уште подобро тргнаа во вторито дел и набрзина изградија  водтвсо од 17-14.Будуќност преку Неагу и Булатовиќ се одржува во финалето и се избори за ниезвесен финиш каде во игра гол за гол,домашниот состав во СЦ Јане Сандански сепак ја имаша победничката завршница . Тамара Мавсар со шест погодоци  беше најефикасна во македонскиот тим , Андреа Пенезиќ постигна пет, Лакрабер беше стрелец на четири голови. Кај Будуќност Катерина Булатовиќ и Кристина Неагу поделија по  осум голови.Во дуелот за 3.место ,Крим ја победи Подравка со 31-25.ЖРК вардар и Будуќност ќе играат и на Ф4  турнирот од ЛШ  во Будимпешта на 6 и 7 мај.

Веста е прочитана 979 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.