ТЕНИС

ВО МАДРИД ЌЕ ИМА НОВ ШАМПИОН, НАДАЛ ГО ЕЛИМИНИРА ЃОКОВИЌ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

13 May, 2017 - 21:15

Рафаел Надал е прв финалист на АТП Мастер тенискиот турнир од серијата 1000 што се игра во Мадрид. Миленикот на домашната шпанска публика од полуфналето го елиминира Србинот Новак Ѓоковиќ кој беше минатогодишен победник во шпанската претстолнина.

Иако се очекуваше поголема борба, сепак Шпанецот, многу полесно од очекуваната го совлада Ѓоковиќ во два сета со 6:2 и 6:4 и се избори за финале.

Ова беше 50 јубилеен меѓусебен меч, во кој Шпанецот ја извојува 24 победа, прва по пауза од 2014 година кога последен пат го совлада Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос. 

Надал во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален меч во кој ќе се сретнат Доминик Тием и Пабло Куевас. 

Веста е прочитана 1844 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.