ФУДБАЛ

ВАРДАР ВО ГРУПА СО ЗЕНИТ,РЕАЛ СОСИЕДАД И РОЗЕНБОРГ ВО ЛИГА ЕВРОПА

25 August, 2017 - 13:57

Фудбалерите на Вардар ќе играат во група со Зенит,Реал Сосиедад и со Розенборг во првата сезона на македонскиот шампион во Лига Европа.

 

Македонскиот шампион во деби сезоната во клупско натпреварување на Уефа доби силна група и противници од Шпанија,Русија и од Норвешка.Зенит од Санкт Петербург,Реал Сосиедад и Розенборг се ривали на Вардар во Л групата за европска пролет,епилог на денешната ждрепка во Монте Карло. Шесте кола од групната фаза  ќе се играат во период од 14  септември до 7 декември 2017.

Група А: Вилјареал, Макаби тел Авив, Астана, Славија Прага
Група Б: Динамо Киев, Јанг Бојс, Партизан, Скендербеу
Група Ц: Брага, Лудогорец, Хофенхајм, Истанбул Башакшехир
Група Д: Милан, Австрија Виена, Ријека, АИК
Група Е: Лион, Евертон, Аталанта, АПОЛОН
Група Ф: Копенхаген, Локомотив Москва, Шериф, Злин
Група Г: Плзен, Стеауа, Хапоел бир Шева, Лугано
Група Х: Арсенал, Бате Борисов, Келн, Црвена Звезда
Група И: Салцбург, Марсеј, Виториа, Конјаспор
Група Ј: Атлетик Билбао, Херта, Зориа, Остерсунд
Група К: Лацио, Ница, Зулте Варегем, Витесе
Група Л: Зенит, Реал Сосиедад, Росенборг, Вардар

По остварениот историски успех и пласманот во групната фаза од Лига Европа, фудбалерите, стручен штаб и раководството на фудбалскиот клуб Вардар ноќеска околу 2:30 часот слетаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“каде беа пречекани од бројни навивачи.За обезбедениот пласман во групите,стигаат честитики од сите страни.Сопственикот на клубот  Сергеј Самсоненко ветил висока премија од 500.000 евра,договорена пред почетокот на натпреварите во квалификациите од еврокуповите.Вардар ќе инкасира околу 3,5 милиони евра од пласманот  во плеј-оффот и фазата по групи во ЛЕ.Фудбалерите ќе добијат слободен ден, а потоа дел од нив, ќе им се приклучат на националните селекции за продолжение од квалификациите за СП 2018.Вчера во Истанбул Вардар го совлада Фенербахче со 2-1 со головите на Џигаури и на Глигоров и со вкупни 4-1 во двомечот го елиминираше фаворитот.

Веста е прочитана 2279 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.