РАКОМЕТ

ВАРДАР СО ПОБЕДА ЈА ЗАВРШИ ФАЗАТА ПО ГРУПИ ВО ЛШ

12 March, 2017 - 19:35

Со победа над  Кристијанштад од 32-29   во завршното коло,Вардар како сигурен четврфиналист  само ја потврди 1.позиција во групата Б од  елитната лига на ЕХФ.Во СЦ Јане Сандански,македонскиот првак стигна до триумф пред своите гледачи, но многу  потешко од очекувањата.На составот од Шведска му беше потребен бод за место во осминафиналето па  фаворитот наиде на силен отпор.Вардар беше во постојана предност, неколкупати  и  со  шест  голови разлика,но Кристијанштад  успеа да се избори за неизвесна завршница доблужувајки се во второто полувреме и до гол негатива.На крилјата на Штербик и неговите одбрани,вкупно 21 и со головите на Борозан во финишот, Вардар ја заврши групната фаза со победа во јубилејниот 100-ти меч во шампионската лига  и со вкупно 20 бодови ја потврди  1.позиција пред Кјелце.Како победник од Б  групата,Вардар го пропушта осминафиналето и го очекува противникот за четврфиналето од двомечот Мешков-Фленсбург.

Веста е прочитана 304 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.