РАКОМЕТ

ВАРДАР ПРОТИВ БАРСЕЛОНА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА Ф4 ТУРНИРОТ ВО КЕЛН

2 May, 2017 - 19:19

Ракометарите на Вардар ќе играат против Барселона во полуфиналето на Ф4 турнирот во ЛШ на ЕХФ.

Во првиот историски настап на Ф4 турнирот во Келн,  Вардар во полуфиналето ќе игра со Барселона .ПСЖ - Веспрем е втората полуфинална двојка . Ждрепкта во Келн каде по традиција се одвива завршниот турнир на лигата  ги одреди противниците кои на почеток од емсец  јуни влегуваат во борба за финале и за европската ракометна круна.Вардар и Барселона беа победници во групната фаза и директно се пласираа во  четврфиналето каде елиминираа германски екипи.Македонскиот првак го надигра  Фленсбург а каталонскиот гигант беше подобар од Кил.

-За нас е огромна чест што ќе излеземе на мегдан со гигант како Барселона. Ние нема да одиме таму за да го гледаме европскиот крем, сакаме да се вратиме во Скопје со последниот авион и со пехарот кај нас, изјави Дибиров.

Дополнител мотив кај Вардарци буди и  историјатот на меѓусебни дуели. Во текот на ланската сезона Вардар одигра два добри меча со Барса,но во досегашните десет натпревари против осумкартниот европски шампион  нема извојувано ниту една победа, со биланс од едно реми и 9 порази.Шанса за прв триумф над каталонците што ќе значи пласман во големото финалето Вардар ќе ја има на 3 јуни во Келн од 18.00.Првото полуфинале Веспрем-ПСЖ ќе се игра од 15.15.

Веста е прочитана 1712 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.