РАКОМЕТ

ВАРДАР ГО ОСВОИ 12 КУП

21 May, 2017 - 19:33

Вардар го освои вториот трофеј сезонава откако славеше во финалето против домаќинот Еурофарм Работник со 31:26 на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија што се играше во Битола.

Иако битолската екипа во воведната четвртина од мечот беше рамноправна, сепак, во продолжението вардарци ја потврдија улогата на фаворит и на одмор заминаа со три гола предност. Во вториот дел црвено-црните рутинирано ја одржуваа, а моменти и зголемуваа предноста која на крајот изнесуваше пет гола. 

Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ беше најефикасен со 8 постигнати голови, додека неговиот клупски колега и сонародник Лука Циндриќ кој постигна пет голови во финалето, го освои признанието за најкорисен играч на финалниот турнир „МВП“. 

Филип Чурлевски со 7 постигнати гола беше најистакнатиот играч на Еурофарм Работник, од чии редови Градимир Чаневски беше прогласен за најдобар голман на завршницата на купот. 

За Вардар ова е вкупно 12 титула во националниот Куп на Македонија. Првата сезонава ја освоија во СЕХА лигата, а на повидок е и третата во домашниот шампиона. Но најважна секако би била евентуалната „круна„ во Лигата на шампионите, каде на трети јуни против Барселона ќе играат во полуфиналето на „фајнал-фор“ турнирот во Келн.

Веста е прочитана 884 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.