РАКОМЕТ

ВАРДАР ГО ДЕКЛАСИРА ФЛЕНСБУРГ ЗА ПЛАСМАН НА Ф4 ВО КЕЛН

28 April, 2017 - 14:02

Вардар обезбеди пласман на „фајнал-фор" турнирот во ракометната Лига на шампиони откако и во реванш четвртфиналниот натпревар го совлада германскиот тим Фленсбург со 35:27. На првиот меч во Германија го добија со 26:24.

Во прекрасна атмосфера во преполната сала ,,Јане Сандански" „црвено црните“ уште од самиот почеток не му дозволија на противникот во ниту еден момент да се понадева дека може да направи изненадување како што тоа беше случај пред три сезони.

Првиот дел македонскиот шампион го доби со пет гола разлика 15:10, а во вториот рутинирано ја оддржуваше предноста која на крајот изнесуваше осум гола 35:27. 

Вардар прв се пласираше во полуфиналето благодарение на Лука Циндриќ кој мечот го заврши со седум голови. Алекс Душебаев и Данил Шишкарев постигнаа пет.

Останатите три реванш натпревари од четвртфиналето ќе се играат претстојниот викенд и тоа, во сабота Барселона – Кил (26:28 прв натпревар) и ПСЖ - ПИК Сегед (30:27), односно во недела ќе играат Монпелје - Веспрем (23:26).

Извлекувањето на полуфиналните парови ќе се одржи на втори мај во Келн, а „фајнал-форот“ ќе се игра на трети и четврти јуни. 

Веста е прочитана 645 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.