ФУДБАЛ

Вардар без предност по првиот дуел со Шкупи во Купот

30 November, 2017 - 15:35

Вардар и Шкупи ремизираа 1-1 на првиот осминафинален дуел од Купот на Македонија, што денеска се одигра на стадионот „Ѓорче Петров“ во Скопје. Гостинскиот тим поведе уште во деветата минута од натпреварот со голот на Ален Јашаровски.

Вардар доминираше во текот на целиот дуел, а го израмни резултатот преку Тигран Барсегјан во 60-тата минута. Иако имаше доволно време за пресврт, „црвено-црните“ не можеа да го најдат патот до мрежата на Шкупи, кој пак во против напад имаше две прекрасни шанси преку Кристијан Стојкоски дури и да победи.

Овие две екипи повторно ќе се сретнат во недела, кога Вардар гостува на „Чаир“ во рамки на првенството, додека реваншот од куп-пресметката е на 17 декември. Победникот од оваа осминафинална пресметка ќе игра со Шкендија во четвртфиналето.

Од вчера се познати првите три полуфиналисти во Купот. Академија Пандев со двојна победа го елиминираше второлигашот Тетекс, Ренова исто така два пати го совлада Скопје, а во полуфиналето се пласираше и бранителот на титулата Пелистер, кој пак ја елиминираше Победа.

Веста е прочитана 1605 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.