ШТОХ ПОБЕДНИК НА НОВОГОДИШНАТА ТУРНЕЈА, ТАНДЕ КИКСИРАШЕ

6 January, 2017 - 23:39

Камил Штох е победник на 65 издание од Новогодишната турнеја „четири скокалници откако Даниел Андре Танде киксираше во втората серија така што му го препушти врвот на својот колега од Полска. Штох оствари само еден триумф од традиционалната турнеја на последната станица во австрискиот скијачки центар Бишофсхофен, а тоа беше доволно за да заврши на крајот пред својот сонародник Пјотр Жила и по Адама Малиш во 2001 година да стане првиот Полјак што ја освоил оваа престижна титула.

Како лидер во денешното натпреварување влезе Норвежанецот Танде кој славеше во Гармиш и Инсбурк, но имаше разочарувачки скок во финалната серија. Танде поради страничниот удар од ветрот успеа да скокне само 117 метри и не успеа да се искачи на победничкиот подиум.

Танде мораше да се задоволи со третото место во поредокот на новогодишното натпреварување.

По денешниот натпревар Домен Превц одново се проби на врвот во поредокот од Генералниот пласман.

РЕЗУЛТАТИ ОД БИШОФСХОФЕН:

1. Камил Штох (Полска)              289,2 поени (134,5 м прва и 138,5 м втора серија)

2. Михаел Хајбек (Австрија)        283,3  (130,5 м, 142,0 м)

3. Пјотр Жила (Полска)               275,8  (131,0 м, 137,0 м)

НОВОГОДИШНА ТУРНЕЈА 2016/2017:

1. Штох 997,8 поени

2. Жила 962,5   

3. Даниел Андре Танде (Норвешка) 941,8  

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:

1. Домен Превц 646 бодови

2. Танде (Норвешка) 637

3. Штох (Полска) 633

Веста е прочитана 740 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.