РАКОМЕТ

ШТЕРБИК ВО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА КОЛОТО

13 March, 2017 - 19:29

Арпад Штербик обезбеди индивидуално признание за најдобар голман на завршното коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони.

Медиа тимот на ЕХФ го стави Штербик во идеалниот тим за одличната партија против Кристијанштад против кого во триумфот на Вардар, кој обезбеди директоно учество во четвртфинале, имаше 19 одбрани.

Идеален тим на 14. коло:

лево крило: Јонас Калман (ПИК Сегед)
лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
среден бек: Себастијан Скубе (Силкеборг)
десен бек: Јуре Доленец (Монпелје)
десно крило: Виктор Томас (Барселона)
пивот: Михаел Кнудсен (Силкеборг)
голман: Арпад Штербик (Вардар).

Веста е прочитана 588 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.