ПМФЛ

ШКЕНДИЈА ПОРАЗЕНА ВО СТРУМИЦА, НОВ КИКС НА ШАМПИОНОТ ВАРДАР

25 October, 2017 - 18:12

Академија Пандев го доби дербито против Шкендија од 12 коло во Првата македонска фудбалска лига. Тежок пораз втор во низа или вкупно трет по дебаклот од Реал Сосиедад во Лигата на Европа доживеа Вардар, кој беше совладан во градската пресметка од Работнички, во заостанатиот натпревар од третото коло.

Убедлива победа на домашен терен постигна Ренова над Скопје, додека минимален триумф забележа Шкупи над Победа.

Од гостински терен само Силекс се радуваше во Битола против Пелистер. 

Резултати 12. коло:

Академија Пандев – Шкендија 3:2 (1:0)

Пелистер – Силекс 1:2 (1:0)

Ренова – Скопје 5:1 (0:0)

Шкупи – Победа 1:0 (0:0)

3. коло:

Работнички – Вардар 3:1 (1:0)

ТАБЕЛА:

1. Шкендија 28 бодови

2. Академија Пандев 21 (-1)

3. Вардар 19 (-2)

4. Силекс 18

5. Шкупи 15

6. Ренова 14

7. Работнички 13 (-1)

8. Пелистер 12

9. Победа 12

10. Скопје 6

Веста е прочитана 1046 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.