ТЕНИС АО

СЕСТРИНСКО ФИНАЛЕ ВО МЕЛБУРН

26 January, 2017 - 17:24

Сестрите Серена и Венус Вилијамс ќе играат во финалето на Отвореното тениско првенство на Австралија по денешните победи над своите ривалки во полуфиналните дуели.

Прво Серена на убедлив начин ја победи Хрватката Мирјана Лучиќ-Барони со 2-0, по сетови 6:2 и 6:1. За шесткратната освојувачка на Грен слемот во Мелбурн ова ќе биде осмо финале на АО.

На вториот полуфинален дуел рано утрово Венус одигра три сета на мечот со сонародничката од САД Коко Вандевеге. Таа победи со 2-1, по сетови 6:7, 6:2 и 6:3 и по 14 години повторно ќе се бори за трофејот во Мелбурн.

За тоа кој ќе биде победник на Австралија Опен, Венус и Серена Вилијамс ќе одлучат в сабота наутро кога по 28-ми пат ќе играат меѓусебно во финале на некој турнир. 

Веста е прочитана 376 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.