ТЕНИС

СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ГО ОСВОИ АО ЗА РЕКОРДЕН 23 ГРЕН СЛЕМ ТРОФЕЈ

28 January, 2017 - 18:52

Серена Вилијамс ја победи својата сестра Венус Вилијамс  во финалниот меч   на Грен слемот Австралија Опен .Американката го крена 23 трофеј од престижните турнири  со што ја престигна германката Штефи Граф на вечната листа победнички од Опен ерата и се  доближи на само еден Грен слем  пехар  до апсолутниот рекорд на  Маргерeт  Корт од периодот на аматерскиот тенис.Помладата од сестрите Вилијамс  славеше во денешното финале  после 81 минута  игра  во два сета со идентични 6-4.Покрај седмиот наслов во кариерата од Мелбурн,Серена Вилијамс од понеделник ќе биде повторно број 1 на светската ВТА листа.

Веста е прочитана 734 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.