РАКОМЕТ

РАКОМЕТАРКИТЕ НАГРАДЕНИ СО 10 000 ЕВРА, МАНАСКОВ ВО СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ЧЕРВАР

19 December, 2016 - 18:58

Управнот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го валоризира успехот на женската ракометна репрезентација и нејзиниот пласман во баражот за Светското првенство во Германија.

На денешната седница ги награди ракометарките со премија од 10 илјади евра која ќе ја поделат за успешните квалификации на кои ги совладаа Исланд и Фарските острови а згубија од Австрија.

За место на Светското првенство нашиот национален тим ќе треба да биде подобар на двомечот против Шведска закажан во јуни идната година.

На истата седница селекторот на машката репрезентација Лино Червар објави дека во стручниот штаб покрај Илија Темелковски ќе бидат вклучени Пепи Манасков и Александар Јовиќ, додека за физичката подготвеност ќе се грижат Кристијан Кајчевски и Иван Теосављевиќ.

Засилување ќе има и кај позицијата „тренер на голманите“, каде покрај Ице Соколевски ќе биде и Петар Мисовски.

Веста е прочитана 230 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.