ФУДБАЛ

СЕНИОРИТЕ ВО КОМПЛЕТЕН СОСТАВ ГО ОДРАБОТИЈА 2.ТРЕНИНГ

3 October, 2017 - 14:29

Македонскиот сениорски тим во комплетен состав го одработи вториот  тренинг од програмата на подготвките за завршнииот дел од мундијалските квалификации.На претпладневниот собир на тренинг центарот на ФФМ,селекторот Игор Ангеловски го имаше на располагање целиот тим. Димитриевски,Алиоски и Ристовски  им се  приклучија на колегите од репрезентацијата.Македонија во петок   гостува во Торино.Во првенствата на Италија настапува и ударното трио на сениорите,Пандев,Трајковски  и Несторовски.

 

Имаме квалитет, во последната година одигравме неколку одлични натпревари против силни репрезентации, така што мислам дека и на Италија не им се однапред запишани бодовите од наптреварот во петок. Тие само теоретски можат до првото место во групата и затоа сметам дека растоварени ќе влезат во дуелот. За нас е важно што ќе имаме можност да уживаме во пресметката, среќни сме што играме за репрезентацијата и ќе го дадеме максимумот. Не одиме на прошетка, туку да се обидеме да оствариме позитивен резултат - изјави Несторовски

-Не чека тежок натпревар, но нема предавање. Италија е една од најквалитетните селекции во светот, но веќе покажавме дека можеме да се надигруваме и против најсилните. Ќе се обидеме да одиграме добар натпревар, не мислам дека италијанците се под притисок за директен пласман на СП, наше е да ги исполниме задачите на селекторот и да бидеме офанзивни. Италија има неколку промени во составот, но тие се голема селекција, независно дали ќе игра Белоти или некој друг, изјави Хасани.

На мечот  во Скопје,Македонија имаше предност  над Италија од 2-1 до 75 минута  и 2-2 до 92-та, но Имобиле на два пати го расипа славјето на арената Филип Втори. Селекцијата ќе се упати кон Италија во текот на утрешниот ден.Натпреварот со Азурите  е закажан за 6 октомври на Олимпискиот стадион во Торино  со почекот од 20.45.Во последниот  меч од квалификаците за СП во Русија,сениорите на 10 октомври го пречекуваат Лихетнштајн.

Веста е прочитана 387 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.