РАКОМЕТ

СЕЛЕКЦИЈАТА Е ПОДГОТВЕНА ЗА СП ВО ФРАНЦИЈА

9 January, 2017 - 16:18

Машкиот ракометен тим ги заврши  подготовките за настапот  на СП во Франција.Тренинзите се одвиваа во два дела,во Маврово и Скопје зачинети  со три контролни средби против Босна и Хернцеговива.

 Најважно од се е што физички, психолошки и тактички добро се подготвивме, а тоа на самите средби ќе се покаже дали е доволно. Заминуваме во една мирна атмосфера и ќе се надигруваме со противниците-    изјави капитенот  Кире Лазаров

Задоволство од сработеното истакна и селекторот Лино Червар.Македонскиот тим почнува нов циклус ,со комбиниран состав од искусни  но и млади ракометари.Новини има и во тактиката.

 

Желбата да дадат многу за својата репрезентација е голема. Секој играч даде максимум на подготовките и стварно немам замерки. Ова е нов пат, нов олимписки циклус и полека создаваме нова репрезентација која сонува да настапи на Олимписките игри. Тоа не е можно преку ноќ. Можеби до некаде е добро што не сметаат за аутсајдери во Франција, но, ние нема да излеземе со бело знаме и да се предадеме на теренот. Ќе се бориме до последен момент, тоа е само по себе победа. Доколку оствариме добар резултат тоа ќе биде дополнително добро. Треба да го оставиме срцето на теренот, Мислам дека е добро да не се создава притисок врз играчите, бидејќи имаме голем број дебитанти. Нашиот притисок е да дадеме се од себе на секој натпревар-истакна селекторот Лино Червар

Червар патува во Франција  со 19 играчи.Составот за  пресметката со Тунис ќе го одреди пред натпреварот.

 На сите првенства досега цел ни беше да ја поминеме групата така и сега. Не треба да чувствуваме притисок, посебно ние посикусните. Тука се и помладите играчи кои треба да ни дадам малку свеѓина и „ветар во грб“ и на нас постарите. Без притисок во добра атмосфера да ги одиграме натпреварите. Стартуваме со Тунис, кој ние стар должник од олимписките квалификации. Па има тука и мотив повеќе добро да стартуваме на ова првенство,  изјави на денешниот прес  Филип Миркуловски.

Македонската  селекција вечерва патува  преку Софија кон Мец каде треба да пристигне утре напладне а во вечерните часови ќе го одработи и првиот тренинг.Стартниот меч на мундијалот за Македонија е на 12 со Тунис,потоа следуваат и дуелите со Ангола,Словенија,Шпанија и Исланд.Место во втората фаза ќе обезбедат првите 4-ри репрезентации од секоја група.

Веста е прочитана 500 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.