ТЕНИС

СЕДМА ТИТУЛА ВО 2016 ГОДИНА ЗА ЃОРЧЕСКА ВО ИГРА НА ДВОЈКИ

26 November, 2016 - 20:41

Лина Ѓорческа заедно со Галина Воскобоева од Казахстан триумфираа на фјучрсот во Валенсија што се играше за награден фонд од 25.000 долари. Ова за Ѓорческа е седма турнирска победа на фјучрс турнирите во 2016 година.

Ѓорческа и Воскобоева на убедлив начин го завршија учеството на турнирот откако двата сета против Алисија Хереро Линана од Шпанија и Ксенија Шарифова од Русија ги добија со 6:0 и финалето го завршија без загубен гејм, а турнирот без загубен сет. Финалето траеше 45 минути, а скорот во освоени поени беше 48:28.

Ѓорческа ќе освои 60 поени, додека во сингл конкуренција турнирот го заврши во второто коло и ќе добие шест поени. 

Веста е прочитана 705 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.