ФОРМУЛА 1

РОЗБЕРГ ОД ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЌЕ АТАКУВА НА ПРВЕНЕЦ ВО СУЗУКА

8 October, 2016 - 18:50

Нико Розберг ќе стартува пред клупскиот колега Луис Хамилтон на утрешната Формула 1 трка во Сузука. Тандемот на Мерцедес  го имаше главниот збор на денешните квалификации за Јапонското Гран при што е 17.трка од сезоната.Германецот се избори за осми пол сезонава,откако за 13 илјадити делови од секундата беше побрз од британецот Хамилтон, актуелен шампион и конкурент во битка за насловот.  Од вториот  стартен ред ќе тргне Кими Раиконен кој за нијанса беше побрз од тимскиот колега од Ферари, Себастијан Фетел,но четирикратниот  светски првак  ќе мора да стартува од седмата позиција поради казната од  предизвиканата колизија со Розберг на претходната трка  во Малезија.Четртата и петтата позиција им  припаднаа  на возачите на Ред Бул, Ферстапен и Рикиардо, а по нив е Перез од Форс Индија.Во пласманот на возачи,лидерот Розберг има 23 бодови повеќе од Хамилтон.

Веста е прочитана 221 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.