ФОРМУЛА 1

РИКИАРДО СЛАВЕШЕ НА ПАТЕКАТА „СЕПАНГ“, МАЛЕР НА ХАМИЛТОН - МУ ЕКСПЛОДИРА МОТОРОТ

2 October, 2016 - 18:54
Даниел Рикардо беше најбрз на 16 трка во формула 1 шампионатот што се возеше на патеката „Сепанг“ за Големата награда на Малезија. Австралиецот ја постигна својата четврта победа во кариерата, а прва сезонава откако имаше за две ипол секунди подобар резултат од Холанѓанецот Макс Верстапен со кого ја комплетираше еден два победата на „Ред Бул“. 

Лидерот во генералниот пласман Нико Розберг на „Мерцедес“ мина како трет низ целта и покрај тоа што имаше казна од 10 секунди во крајниот резулат.

Светскиот првак Луис Хамилтон, кој ја имаше пол позицијата остана без пласман откако во 41 круг мораше да се откаже по експлозијата на неговиот мотор. Во моментот на откажување водеше во трката и имаше предност од 20 секунди.
Четвртото место го освои Финецот Кими Раиконен на „Ферари“, а неговиот сонародник Валтери Ботас на „Вилијамс“ беше петти. Мексиканецот Серхио Перес на „Форс Индија“ го освои шестото место.Без пласман покрај Хамилтон останаа уште пет возачи меѓу нив и Себастијан Фетел од Ферари.
Во Генералниот пласман Розберг води со 288 поени, пред Хамилтон со 265. Денешниот победник Рикардо има 204 на третата позиција. 
Новата трка ќе се вози следниот викенд на деветти октомври за Големата награда на Јапонија. 
Веста е прочитана 637 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.