ФУДБАЛ

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 19 ГОДИНИ ГО ДЕКЛАСИРАШЕ ЛИХТЕНШТАЈН СО 6-0

14 November, 2017 - 15:40

Во сосема  поинакво  светло од селекцијата до 21 година во тековните Евро-квалификации,се прикажува  националниот фудбалски тим на Македонија   до 19 години.Во 3.коло од квалификацискиот турнир што се одржуваше  на тренинг центарот Петар Милошевски во Скопје,репрезентација што ја предводи  селекторот Вујадин Станојковиќ со 6-0 го декласираше Лихтенштајн.Надежите  ја потврдија  1.позиција во групата и пласманот во елитните квалификации за ЕП во Финска .На вториот меч Белгија ја совлада Швајцарија со 5-3.Покрај Македонија,белгијците  ги продолжуваат  квалификациите.Чурлинов ја отвори серијата,погоди и Колев а по два гола постигнаа  Миовски и Митревски.

Веста е прочитана 175 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.