ФУДБАЛ

РЕАЛ МАДРИД ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА СВЕТСКИ КЛУПСКИ ПРВАК

18 December, 2016 - 17:50

Европскиот шампион Реал Мадрид го освои Светското клупско првенство во фудбал што се одржуваше во Јапонија.Во финалето на стадионот во Јокохама,Реал го победи јапонскиот првак Кашима Антлерс со 4-2 после продолженија.Основните 90 минити  завршија 2-2.Бензема во 9.минута донесе водство за шпанскиот клуб.Следеа два гола на Кашима,дело на Шибасаки во 44 и 52 минута за 1-2.Роналдо од пенал во 60.минута изедначи на 2-2.Во екстра периодот освојувачот на Златната топка постигна уште два гола и со хет трикот овозможи  втора  титула  Светски клупски првак на Реал.Во мечот за третото  место,колумбиски Атлетико Насионал на пенали со 4-3 го совлада мексиканскиот тим Клуб Америка.

Веста е прочитана 407 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.