РАКОМЕТ

РАКОМЕТАРКИТЕ СТАРТУВАА СО ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАРАЖОТ СО ШВЕДСКА

29 May, 2017 - 19:02

Македонската женска ракометна репрезентација ги стартуваше подготовките за бараж двомечот против Шведска за пласман на Светското првенство во Германија.

Селекторот Симе Симовски на првиот тренинг работеше со 18 ракометарки. Од поширокиот список поради обврски во своите клубови недостасуваа Зорица Десподовска, Елена Ѓорѓијевска, Елена Ливриниќ и Мирјета Бајрамовска, која по неколку годишна пауза повторно се враќа во националниот тим.

По дводневните мини подготовки во Скопје „црвено жолтите“ во среда патуваат во Анталија, каде ќе учествуваат на силен меѓународен турнир од први до трети јуни. Покрај домаќинот Турција, нашата репрезентација ќе тестира со Литванија и Русија.

По враќањето од Турција избраничките на селекторот Симовски со подготовките ќе продолжат во Скопје пред првиот меч со Шведска на домашен терен во СРЦ „Кале“ закажан на 10 јуни. Три дена подоцна ќе се одигра реваншот во Астад.

Веста е прочитана 1062 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.