РАКОМЕТ

РАДИЧЕВИЌ ВО ТРИТЕ ЅВЕЗДИ НА КОЛОТО

13 March, 2017 - 19:25

Три ракометарки на ЖРК Вардар добија индивидулано признание по саботниот триумф над Турингер со кој завршија на врвот од првата група во Главната фаза и го заверија четвртфналето во Лигата на шампиони. Јованка Радичевиќ ги предводи трите ѕвезди на колото откако покажа дека е во добра форма и беше најефикасна со девет голови. На црногорката друштво и прават, Вероника Кристијансен и Аурелија Брадеану.

Ова е третпат сезонава од редовите на македонскиот првак да влезе во Топ-3 ѕвезди откако тоа претходно на двапати и успеа на Андреа Пенезиќ.

Амандин Леино одлично го чуваше голот на „црвено црните“ а една од нејзините одбрани беше третата најдобра на колото, додека првпат откако е во ЖРК Вардар, Белорусинката Дијана Илина го сврте вниманието на медиа тимот на ЕХФ и ја стави во изборот на топ петте најубави голови. 

Веста е прочитана 389 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.