ПРВ ТРИУМФ НА ЃОРЧЕСКА НА ТУРНИР ОД 100 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ

19 October, 2016 - 21:57

Лина Ѓорческа стартуваше со триумф во своето прво учество на еден ИТФ турнир со награден фонд 100 илјади долари што се игра во египетски Шарм Ел Шејк.

Во првото коло најдобрата македонска тенисерка беше подобра од Романката Ирина Марија Бара со 2:1. Откако го доби неизвесниот прв сет со 7:5, следуваше пад на играта во вториот кога Бара израмни со 6:1. Сепак, Ѓорческа остана фокусирана и го доби решавачкиот трет сет со 6:2 за прв тирумф и реванш над противничката од која минатата седмица загуби во четвртфиналето на турнирот во Санта Маргарита Ди Паула во Италија.

Утре во второто коло нашата тенисерка за противничка ќе има уште една Романка, третата носителка Ана Богдан.

Веста е прочитана 219 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.