ФУДБАЛ

ПРОМОЦИЈА НА НЕЈМАР ВО ПСЖ

4 August, 2017 - 14:50

Бразилскиот фудбалски ас Нејмар Јуниор денеска во Париз имаше   промоција во новиот клуб ПСЖ.Звездата на Барселона се раздели со каталонците откако богатиот ПСЖ  се согласи да ја плати  откупната клаузула за рекордни во историјата на фудбалот  222  милииони евра што е повеќе од двојно во однос на досегашниот најскап трафсер на Погба кој лани  од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед за 105 милиони.

„Освоив се што еден играч може да освои. Проживеав неверојатни моменти во Барса. Но потребен ми е нов предизвик во амбициозен клуб “, изјави 25 годишниот фудбалер  по  потпишаниот  пет годишен договор.Нејмар ке заработува  45 милиони евра по сезона  од престојот во Париз.Тој е 31 бразилец кој ќе ги брани боите на ПСЖ .Нејмар ќе го носи  дресот со бројот 10 кој денеска во Градот на светлината  се продава по цена од 155 евра.

Веста е прочитана 1122 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.