КОШАРКА

Продолжува „ремонтот“: МЗТ се засили со Никола Павличевиќ

7 November, 2017 - 15:58

Црногорскиот репрезентативец Никола Павличевиќ е последното засилување за МЗТ Скопје за оваа сезона. Павличевиќ, кој претходно беше дел од унгарски Шолнок  игра на позицијата плејмејкер. Тој беше дел и од црногорската репрезентација на последниот Евробаскет, каде одигра шест натпревари со просек од 7,7 поени.  

По серијата лоши резултати во АБА-лигата, но и во домашното првенство, раководството на „металците“ реши да направи ремонт во составот. Од тимот си заминаа Американците Брет Бејли и Даниел Џенсен, а на излезна врата е и третиот Американец, Ерик Гарсија. Пред Павличевиќ за „металците“ потпишаа Хрватот, Доминик Мавра, како и спрските интернационалци Радосав Спасојевиќ и Ѓорѓе Мајсторовиќ.

Веста е прочитана 238 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.