ФУДБАЛ

ПОРТО И СЕВИЉА ПОСЛЕДНИ 1/8 ФИНАЛИСТИ ВО ЛШ,ВЕЧЕРВА ЗАВРШНО КОЛО ВО ЛИГА ЕВРОПА

8 December, 2016 - 14:47

Последното 6.коло од Е до Х сегментот во шампионската Лига на Уефа го затвори списокот на осминафиналисти.

 

Порто  ја задржа предноста пред конкурентот Копенгахен и со убедливите 5-0 над Лестер го освои 2.место во групата Г зад англискиот шампион.Победата  на Копенхаген кај Бриж од 2-0 само ја потврди 3.позиција за данскиот првак во Лига Европа.Во Х групата ,Севиља одигра 0-0 кај Лион и заврши над Јувентус.Италијанскиот шампион  рутински  со 2-0 го порази аутсајдерот Динамо Загреб и ја сочува 1.позиција.Во дербито за врвот на Ф групата,Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ги поделија бодовите со финални 2-2 ,резултат за 1.место на бундеслигашот, додека бранителот на титулата ќе очекува противник за нокаут  фазата од втората група.Во директна пресметка за 3.место  и за Лига Европа, Легија со 1-0 го победи Спортинг.Во Е  групата не се случија промени.Монако е прв пред Баер ,покрај вчерашниот пораз од 3-0 во Леверкузен.Тотенхем со 3-1 ја совлада ЦСКА Москва и останува во Европа.Сезоната во Уефа куповите заврши за рускиот тим.Ждрепката  за осминафиналето ќе се изврши на 12 декември.

Е група: Баер Леверкузен  - Монако 3:0, Тотенхем - ЦСКА Москва 3:1.
Табела: Монако 11 бодови, Баер Леверкузен 10, Тотенхем 7, ЦСКА 3.

Ф група:Реал Мадрид - Борусија Дортмунд 2:2, Легија - Спортинг 1:0.
Табела: Борусија Дортмунд 14, Реал Мадрид 12, Легија 4, Спортинг 3.

Г група: Порто - Лестер 5:0, Бриж - Копенхаген 0:2.
Табела: Лестер 13, Порто 11, Копенхаген 9, Бриж 0.

Х група: Јувентус - Динамо Загреб 2:0, Лион - Севиља 0:0.
Табела: Јувентус 14, Севиља 11, Лион 8, Динамо Загреб 0.

Вечерва во Лига Европа ќе се пополнат последните 11 места за 1/16 финалето.

Во завршното  коло од групната фаза конкурираат 22 тима кои ќе им се приклучат на победниците во групите Ајакс,Рома,Шалке,Шахтјор,Спарта Прага и Зенит,како и на сигурните учесници  во нокаут фазата,Андерлехт,Апоел,Атлетик Билбао,Генк,Краснодар,Олимпијакос и Сент Етјен.Најголемиот  фаворит за висок пласман сезонава,Манчестер Јунајтед,  за потврда на место во 1/16 финалето  гостува кај Зорја во Украина.

Веста е прочитана 449 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.