РАКОМЕТ

ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ОД НЕКСЕ

7 March, 2017 - 21:34

Во   хрватскиот град Нашице, Металург го загуби мечот за 6. место во Сеха лигата.Македонскиот вице првак претрпе пораз со 27-22 од Нексе.Во  завршниот 18 меч за двете страни сезонава од регионалната лига,Металурзите го запишаа 11 пораз и од 6-та паднаа на 8-та позиција на табелата.Во рамноправен меч,Металург имаше 11-11  на полувремето и минимална предност до 34 минута.Завршните шест минути му припадна на домаќинот ,период во кој скопската екипа постигна само еден гол.Костески,Одрабодивќ,Илиќ и Велковски постигнаа по 4 гола,Арсиќ имаше 13 одбрани.Кај  Нексе,  Шпилер запиша 6 погодоци, Лекиќ 14 интервенции.Металург ќе го продолжи престојот во Хрватска со подготовки за завршниот дел од домашното ракометно првенство.

Веста е прочитана 374 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.