ОДБОЈКА

ПО РОМАНИЈА И ЧЕШКА ПОДОБРА ОД МАКЕДОНИЈА

16 September, 2016 - 19:56

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби и вториот меч во квалификациите за Европското првенство 2017 година. Откако вчера беше совладана од домаќинот на првиот турнир Романија со 0:3, денеска нашиот национален тим беше поразен и од селекцијата на Чешка со 3:1 во сетови.

Во мечот од второто коло на квалификациската Ф група, чиј домаќин е Крајова, македонските одбојкари и од Чешка ги загубија првите два сета со 25:17 и 25:18. Во третиот „црвено-жолтите“ заиграа на повисоко ниво и го добија сетот со 25:23. Иако македонските одбојкари се обидоа да се изборат за решавачки пети сет, сепак, тоа не им успеа, бидејќи Чесите го добија четвртиот со 27:25 за конечни 3:1.

Првиот квалификациски турнир, нашите одбојкари ќе го заокружат утре со мечот против репрезентацијата на Естонија. 

Веста е прочитана 98 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.