ФУДБАЛ

ПМФЛ:ВАРДАР НА 13 БОДОВИ ОД ШКЕНДИЈА

23 April, 2017 - 18:57

Вардар се направи уште еден чекор кон одбрана на тронот во домашниот фудбал,откако попладнево славеше со 2-0 кај Шкупи.Актуелниот првак замина со три бода од гостување на Чаир  што ги освои со головите на Боарето во 20 минута и на Барсегјан  реалзиран на почетокот  од второто полувреме. Во Кратово, Силекс  одигра реми од 1-1 со  второпласираната Шкендија .Ренова со убедливи 4-0 го совлада  Брегалница.На пелагониското дерби, Пелистер -  Победа 1-0 .Вчера  на воведниот меч од 28.коло Работнички и Македонија ЃП  одиграа 1-1.Вардар е лидер со 68 бодови ,13 повеќе од Шкендија.Трет е Работнички со 47.

Веста е прочитана 410 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.