ФУДБАЛ

ПМФЛ:ВАРДАР ЈА ПОБЕДИ ШКЕНДИЈА

26 February, 2017 - 18:53

Фудбалерите на Вардар по трет пат сезонава славеа над  Шкендија и  направија голем исчекор кон одбрана на шампионската титула во домашната Прва лига.Во дерби натпреварот од 20.коло одигран попладнево на националната арена „Филип Вардар славеше со 3:1. 

 

Барсегјан во 28.минута ја искористи  грешката на голманот Јовановски и донесе водство за домашните.Во 40.минута Шкеднија изедначи преку  Ибраими. Пред полуввремето,Вардар повторно стигна до предноста,откако Фелипе беше прецизен од белата точка .Бразилецот  Фелипе со својот втор гол во 74.минута ја потврди победата на Вардар.На останатите натпревари одиграни попладнево, победа пред своите навивачи оствари Силекс против Победа со 2:0, додека другите две средби завршија без победник,Ренова - Македонија ЃП 2:2 и Шкупи – Работнички 1:1. Вчера Пелистер ја победи Брегалница со 2:1.  Вардар има седум бодови повеќе од Шкендија на врвот на табелата.

Веста е прочитана 611 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.