ФУДБАЛ

ПМФЛ:ШКЕНДИЈА СЛАВЕШЕ НАД АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

27 August, 2017 - 19:00

Шкендија  го победи   составот на Академија Пандев  и се проби до 1.место на табелата во домашната ПМФЛ.

Екипата на Шкендија ја извојува третата победа сезонава и со максимални 9 бодови, два повеќе од Пелистер се издвои на врвот  од табелата после 3.коло.Попладнево на стадионот во  Тетово,домашните славеа  со   2-1  над  Академија Пандев  и ја оправдаа улогата на фаворити.Стрелци на головите за Шкендија беа Алими и Стенио Жуниор во првото полувреме .Дориев во финишиот намали на 2-1.Вчера Пелистер  како гостин со 4-1 го победи Силекс.Скопје и Ренова одиграа меч без голови,Победа го порази Шкупи со 2-1.Скопското  дерби помеѓу Работнички и Вардар е одложено.

Веста е прочитана 1215 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.