ФУДБАЛ

ПМФЛ:РЕНОВА ЈА ПРЕКИНА СЕРИЈАТА НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

28 October, 2017 - 15:56

Ренова  ја совлада  Академија  Пандев  во првиот меч од 13.коло во домашното фудбалско првенство. 

Фудбалерите на Ренова  ја прекинаа успешната серија на Академија Пандев и со финални  3-1 ги испратија  гостите од Струмица .Ренова  ги освои бодовите уште во првото полувреме и тоа во период од 27 до 39  минута.Серијата за домашните   на Градскиот стадион во Тетово ја отвори Гафури, ја продолжи Милошевски а ја заврши Лукао.Марков во 76 минута го ублажи поразот на Академија Пандев.Утре во термин од 13.30 шампионот Вардар гостува кај Силекс,Победа ќе ја пречека водечката Шкендија,Скопје ќе игра со Пелистер а Работнички со Шкупи.На табелата,Шкендија има  28 бодови ,7 повеќе од  Академија Пандев.Екипата од Струмица има   и натпревар помалку од лидерот.Ренова се проби до 5 место на еден бод до Силекс

Веста е прочитана 377 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.