ФУДБАЛ

ПМФЛ: ВАРДАР ЈА ОДРЖУВА ПРЕДНОСТА ПРЕД ШКЕНДИЈА

12 March, 2017 - 19:39

Фудбалерите на Вардар ја одржуваат предноста пред Шкендија на 6 бодови и после 22.коло во домашната Прва Лига.Актуелниот шампион  ги освои трите бода во дуел со Брегалница победувајки со 2-0  ,но го скрши отпорт на гостите на Арената Филип Втори дури во завршните минути. Дејан Блажевски  во 87 минута ја начна мрежата на Брегалница ,две минути подоцна  Петковски ги постави финалните 2-0 .Брегалница  остана со играч помалку откако во 80 минута беше исклучен Ѓорески.Поладнево најубедлива беше Шкендија.Вицешампионот со 4-0 ја совлада Победа.Во Охрид, Пелистер-Работнички 0-1,Силекс-Македонија ЃП 4-2 и Шкупи-Ренова 3-2.На врвот од табелата лидер е Вардар со  50 бодови пред Шкендија со 44,на следните две позиции,Работнички и Пелистер имаат по 36 бодови. 

Веста е прочитана 372 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.