ФУДБАЛ

ПЕЛИСТЕР ВТОРПАТ ГО ОСВОИ КУПОТ, ВО СТРУМИЦА ЈА ДЕТРОНИЗИРА ШКЕНДИЈА

17 May, 2017 - 20:40

Пелистер ја детронизира Шкендија и ја освои титулата во Купот на Македонија вторпат во клупската историја. На стадионот Младост во Струмица славеше на пенали со 4:3 во 25 јубилено финале кое во регуларниот дел заврши без голови 0:0 исто како и во продолженијата два пати по 15 минути.

Откако стрелците на двата тима по 120 минути игра не ги затресоа противники мрежи, во пенал рулетот за Тетовчани не погодија Бесарт Ибраими во втората и Бесарт Абдурахими во четвртата серија, додека головите за Битолчани ги постигнаа Филип Петров, Гоце Тодоровски, Мартин Ковачев и Баже Илијоски за кого ова беше петти Куп трофеј во кариерата.

По пауаза од 16 години Пелистер во четвртото финале го осовои вториот национален Куп преку кој избори учество во квалификациите за Лигата на Европа.

Во текот на второто полувреме имаше 15 минутен прекин кога двата тима беа повлечени во соблекувалните поради националистички скандирања и навреди од трибините. Сепак, на крајот се мина во најдобар ред.

Веста е прочитана 1503 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.