ЕВРОЛИГА

ОДБОЈКАРИТЕ БЕЗ ТИТУЛА ОД ВАРНА НА Ф4

2 July, 2016 - 21:10

Македонската одбојкарска репрезентација не ја искористи втората шанса туку само го повтори успехот од лани и го освои второто место во Европската лига на фајнал фор турнирот во Варна откако во финалето загуби од Естонија со 3:0.

Тешкиот и исрпувачки меч во пет сета од полуфиналето против Австрија остави траги во играта и свежината кај избраниците на Жарко Ристовски. Тенката ротација во ростерот придонесе Естонците подобро да ја искористат шансата и во три сета со 25:19, 25:13 и 25:23 за првпат да ја освојат титулата во Европската лига.

Претходно во утешното финале за третото место, Австрија ја обезбеди бронзата по триумфот над домаќинот Бугарија со 3:0.

Веста е прочитана 695 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.