ОДБОЈКА

ОДБОЈКАРИТЕ СО ПОРАЗ И ВО 4.МЕЧ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

23 September, 2016 - 20:14

Македонските одбојкари со пораз од Чешка(0:3) ги загубија шансите  за пласман на ЕП во Полска. 

 

Машката  одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз од Чешка  ги продолжи  квалификациите за  пласман на Европското првенство во 2017 година.После фијаското во Крајова со трите порази,четрвтиот неуспешен меч во тековниот циклус,ја  закова на последната позиција селекцијата што ја предводи Николај Жељасков.Чешка која е  домаќин  на вториот  квалификациски турнир се избори за триумф со 3-0.Првиот сет,домаќинот го освои со 25-19.Во вториот,македонската селекција се обиде да изедначи на 1-1,но после половина час игра,чесите изборија 26-24.Голема борба се водеше и во третиот како што се покажа решавчки сет за нашиот состав.Од почетното водтвсо,македонските одбојкари немаа доволно концентрација за финишот кој му припадна на противникот со 25-22. Утре Македонија ќе игра со  Естонија и во  последното, 3. коло противник е Романија.Денеска Романија со 3-1 ја совлада Естонија и се проби до  2.место на табелата кое води до бараж.Лидер е Чешка ,а победникот од групата патува директно на ЕП-во.

Веста е прочитана 342 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.