ФУДБАЛ

ОД ИЗРАЕЛ КОН СТРУМИЦА ЗА НОВИ БОДОВИ

3 September, 2017 - 18:53

Македонската селекција нема време да ја прослави   победата на Израел од 1-0 изборена  синоќа во Хаифа на гостински терен.

Репрезентативците попладнево допатуваа во Македонија и веднаш се насочија кон следната база,Струмица каде во вторник ќе ја пречекаат селекцијата  на Албанија.Мечот од 8.коло во квалификациите за мундијалот во 2018 година ќе го пропушти Елиф  Елмаз.Асистентот на Пандев во победничкиот гол против израелците, заработи  жолт картон и нема право за настап. Во борба  за третото место во групата,зад недостижните Шпанија и Италија,на фудбалерите  што ги предводи селекторот Игор  Ангеловски им е потребна победа од два  гола разлика во случај  на ист број бодови како и поволен расплет  на преостанатите две кола.На почетокот од квалификациите,Македонија во стартното коло загуби  во Скадар со 2-1 од Албанија.Натпреверот се одвиваше  во два дена по прекинот поради невреме и силен дожд,а во финишот од доигрувањето , домаќинот постигна гол за победа.Албанската репрезентација денеска  допатуваа во Македонија после рутинските  2-0  над  аутсајдерот Лихтенштајн и со 12 бодови,6 повеќе од Македонија ,се  издвои   на 3.место од табелата.Натпреварот на стадинот Младост  во Струмица ќе се игра задутре, со почеток од 20.45 минути.

Веста е прочитана 1612 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.