ОДБОЈКА

НОВО ФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ОДБОЈКАРИ

1 July, 2016 - 20:04

Седма победа од исто толку натпревари за македонската одбојкарска репрезентација сезонава и ново финале второ по ред во Европската лига. Во драматичен и неизвесен меч нашиот национален тим славеше против Австрија со 3:2 во маратонското полуфинале од два ипол часа на фајнал фор турнирот во Варна.

По тешко извојуваниот прв сет со 25:23, Австрија ги доби наредните два со 25:23 и 25:17 за водство од 2:1. По оваа негатива македонските „спартанци“ како што ги нарекуваат одбојкарите не потклекнаа и го свртеа мечот во своја корист. Најпрвин израмнија во четвртиот сет со 25:19, а потоа славеа во решевачкиот со 15:13 и обезбедија ново финале за титулата во овогодишното издание од Европската лига.

Капитенот Никола Ѓорѓиев со 29 поени беше најдобриот поединец за овој успех а секако имаше и голема подршка од неговите соиграчи за новиот голем подвиг на најдобрите македонски одбојкари.

Противник на Македонија во утрешниот меч за титулата од 17 часот ќе и биде Естонија која го доби домаќинот Бугарија со 3:2.

Веста е прочитана 1340 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.